ВИДЕО: Паника во Лос Анџелес, евакуирани 100.000 луѓе - оган го опколи градот, има и мртви

Најмалку едно лице настрада, десетина куќи се уништени во близина на Лос Анџелес, а наредена е евакуација на 100.000 луѓе поради два шумски пожари, соопшија денеска властите.

Во долината Сан Фернандо, северно од Лос Анџелес пожарот се проширил на повеќе од 1.900 хектари до утринава по локално време и се шири на нови 320 хектари секој час, соопштила пожарникарната служба на Лос Анџелес на конференцијата за новинари, пренесува Ројтерс.

Надлежните навеле дека еден маж починал од срцев удар, што го препишале на пожарот.

Наредена е евакуација за околу 100.000 луѓе кои не треба да очекуваат дека наредбата ќе биде укината наредните неколку денови, велат надлежните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2019 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега