ВИДЕО: Паника во Албанија поради земјотресите - жителите на Тирана и Драч уште не смеат да се вратат во домовите

Многу жители на Тирана и Драч уште не се вратиле во своите домови после серијата земјотреси во кои 105 лица се повредени, а стотина куќи се оштетени.

После првиот потрес следувале повеќе од 100 наредни потреси, оштетени се околу 600 куќи, а без вода и струја биле некое време жителите на Тирана, Драч и други места во западните и централните делови од земјата.

После потресот, многумина излегле на улица, а најмалку 500 луѓе ноќта ја минале во привремени засолношта. Експертите денеска ги проценуваат штетите на домовите, а подигнати се и дополнителни шатори за луѓето кои не се чувствуваат безбедни во своите домови.

Епицентарот на потресот бил на Јадранското море, на длабочина од 10 километри. После дополнителните потреси луѓето истрчале на улица.

Ова е најсилниот земјотрес кој ја потресе Албанија во последните 30 години, наведедува Ројтерс, повикувајќи се на албанското Министерство за одбрана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2019 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега