ВИДЕО: Паника и нервоза во натрупана болница - снимка од Кина покажува каква е ситуацијата поради вирусот

На социјалните мрежи се шири снимка која наводно а покажува ситуацијата во Вухан, градот од 11 милиони луѓе од каде почнала епидемијата на корона вирусот.

Како што пишува Си-Ен-Ен, кој исто така објави снимка, автентичноста на истата не може да се утврди. Сепак, Си-Ен-Ен новинарите ја анализирале снимката и дијалектите на луѓето и се верува дека можно е да е автентична.

Исто така, она што се види на снимката е во склад со она што го објавуваат кинеските медиуми.

На снимката се гледа ходник полн со пациенти. Една вработена во болницата вика: „Сите престанете да зборувате, слушајте ме. Тишина“.

Таа им дава инструкции на другите работници да ги наредат сите луѓе кои доаѓаат по резултатите од тестирањето.

„Сите кои доаѓаат по резултати нека го следат овој млад човек до влезот и да се наредат. Не бидете нервозни“, рекла вработената.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега