ВИДЕО: Падна првиот снег и во Црна Гора - невремето предизвика и хаос во сообраќајот, возило падна во поток

На црногорските планини и во повисоките рпедели денеска наврна снег, а во градовите обилните дождови предизвикале проблеми во сообраќајот.

Жабљак, Бијело Поље и Плевља утрово се разбудија покриени со снежна покривка.

Локалниот портал на Бијело Поље пренесе дека утрово скоро на сите високи предели наврна првиот снег.

Белата покривка е со дебелина од неколку сантиметри, а нешто помалку снег има и на Коритската висорамнина, како и во Церово, Мајсторовина и селата над Бистрица.

Невремето кое синоќа ги погоди Тиват и Будва ги поплави улиците, а на патниот правец Тиват-Радовиќ едно возило излетало и паднало во надојдениот поток.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2020 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега