ВИДЕО: Овде се капат луѓето - хотел во Црна Гора испушта фекалии во морето, мештаните снимиле се

Кај хотелот „Иберостар“ во Црна Гора, на околу 50 метри од плажата на хотелот, во морето се излеваат фекални води од хотелот, тврдат мештаните.

Во краткото видео кое еден од мештаните го испратил до Радио Јадран, на околу 50-100 метри од хотелот се гледа преполовена, односно недовршена цевка од која излегуваат непреработени фекалии, а парчиња тоалет хартии се јасно воочливи.

Од Комуналната полиција во Херцег Нови наведуваат дека досега не биле запознаени со овој случај затоа што немало официјални пријави од граѓаните, но додале дека во текот на денот ќе излезат на терен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2019 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега