ВИДЕО: Оваа жена сакала да го отруе Трамп - му испратила рицин, па ја фатиле на граница со оружје

Против Канаѓанката Паскал Ферије, која е уапсена под сомнение дека пратила писмо со смртоносен отров рицин во Белата куќа, е поднесено обвинение за закана на американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа прв пат се појавила пред судот во Бафало, а судијата наложил да остане во федерален притвор. 

Уапсена била во неделата кога се обидела да премине во Канада на граничниот премин во сојузната држава Њујорк, а во себе имала оружје.

Потсетуваме, пакетот со рицин во саботата го пресретнале органите за ред пред да дојде до Трамп.

Се наведува дека пакетот бил пратен на почетокот на минатата недела. Пресретнат бил пред да дојде до поштенската соба на Белата куќа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега