ВИДЕО: Ова се бомбашите од Шри Ланка - синови на милионери кои имале се и во кои никој не се сомневал

Браќата Ибрахим се синови на милионерот Јонус Ибрахим, трговец со зачини, кои посетувале приватни училишта.

Објавени се први фотографии од браќата бомбаши кои се разнеле на Велигден во Шри Ланка, пишува Дејли Меил.

Снимките од нападот откриле дека напаѓачите незабележително влегле во хотелите додека бројните гости појадувале, а само момент подоцна хотелските ресторани станале место од хорор филм.

Браќата усмртиле 40 странски државјани кои тогаш биле на одмор, а меѓу нив и три деца.

Само неколку часа подоцна полицијата влегла во луксузниот дом на едниот од нив, Илхам Ибрахим чија бремена сопруга Фатима се разнела себеси и своите три деца, како и три полицајци.

Семејството Ибрахим е смета за модерно па не постоеле сомнежи дека се наклонети на екстремизам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2019 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега