Видео: Ова е состојбата по верижниот судир кај Железничка - му се слошило, па нагло излегол од возилото

Верижен судир се случи претпладнево кај Желзничката станица во Скопје, откако возач на кој му се слошило при возење, ненадејно застанал и излегол од автомобилот, но не ја кренал рачната кочница, па возилото почнало да се движи наназад.

Во несреќата нема повредени лица, меѓутоа причинета е голема материјална штета.

Еден од директните учесници во судирот изјави за МИА дека биле преплашени кога виделе како еден од автомобилите се движи наназад кон нив. 

- Тоа беше страшно, во моментот не знаевме што да правиме и како да реагираме, истакна вознемирената жена.

Полицијата врши удив на лице место.

 

 

 

17.05.2018 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа