ВИДЕО: Ова е сликата во регионот после невремето - поплавени 400 куќи, создадени 6 свлечишта и уништен еден мост

Во поплавите на подрачјето на Приједор погодени се 1.350 домаќинства, поплавени се 400 куќи, создадени се 6 свлечишта,ж и срушен е еден пешачки мост.

Градоначалникот на Приједор, Миленко Ѓаковиќ изјавил денес дека оштетувањата во останатите инфраструктурни објекти ќе бидат дополнително утврдени.

Водостојот на реката бил 446 сантиметри или за 50 сантиметри помал од претходните денови, но Штабот за вонредни ситуации донел одлула и понатаму да остане на сила вонредната состојба.

Во населбата Рашковац од вчера утрината поради поплавената трафостаница мештаните немаат електрична енергија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега