ВИДЕО: Ова е монструмот кој уби 9 лица во Германија - пред нападот испрати предупредување до Американците

Напаѓачот Тобијас Р., 43-годишниот маж кој уби девет лица во два наргиле бара во Германија имал ксенофобични мотиви, соопштил германскиот министер за внатрешни работи.

Полицијата го пронашла мртов во неговиот стан, а покрај него било телото на неговата 72-годишна мајка. Таа исто така имала рана од куршум. Напаѓачот легално поседувал оружје и бил спортски стрелец.

Во моментов се прегледува сајтот кој го водел и крвопролевањето се смета како акт на тероризам.

Во своето проштално писмо изразил збунувачки погледи, од кои многу се од радикално десничарска природа, пишува Билд.

Исто така, напаѓачот зборувал за потребата од уништување на одредени народи чие протерување од Германија повеќе не може да се оствари. Засега не се официјално повтрдени информациите.

Тобијас оставил проштално писмо и видео-исповед, а во некои медиуми била објавена таа снимка.

„Ова е моја лична порака за сите Американци. Вашата држава е под контрола на невидливи тајни друштва. Тие користат непознати зли методи како што е контрола на умот и одржуваат модерен систем на ропство. Ако не верувате во ова, подобро разбудете се, брзо. Во вашата држава постојат подземни воени бази, а во некои од нив се слави самиот ѓавол, злоставуваат, тероризираат и убиваат мали деца и тоа се случува одреден период. Разбудете се, ова е една форма на реалност во вашата држава. Исклучете ги меинстрим медиумите, тие немаат поим. Првиот чекор е информација, можеби треба да прочитате или да слушнете уште еден од два извори, но сега знаете. Другиот чекор е акција, лоцирање на овие бази, соберете маса луѓе и упаднете во нив. Ваша должност како американски граѓани е да ја завршите оваа ноќна мора. Борете се, сега!“, рекол тој на смимката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега