ВИДЕО: Oва е куќата во која ќе живее Атиџе во Дорфулија

Хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова која досега живееше во селото Бекирлија, ќе живее во куќа во селото Дорфулија, каде има роднини. 

Куќата е купена за Атиџе, и во неа ќе има нормални услови за живот. 

Новинарот Фуркан Салиу на Фејсбук објави видео од кое може да се види како изгледа куќата. 

Атиџе ќе биде работно ангажирана во општината Лозово и нејзината куќа ќе добие нов покрив, потврди градоначалникот на општината, Ацо Велковски.

Посочи дека тоа и било соопштено на Муратова, која денеска ја посетила општината.

– Среќна, насмеана и радосна од веста што општина Лозово и јас како градоначалник дадовме ветување дека ќе се погрижиме за куќата на Атиџе да добие нов покрив. По завршување на турнеите и земањето на оскарите, Атиџе ќе биде работно ангажирана во општина Лозово, рече Велковски.

Додаде дека и ветил оти нејзините две песни ќе бидат обработени целосно со музички аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио.

„Медена земја“ е во трка за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм на свеченото доделување на најпознатата филмска награда, што ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2020 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега