Отпуштените службеници од ДУИ си послале кревет во канцеларија во министерството за односи со заедниците тврди министерот Иван Стоилковиќ на социјалните мрежи.
„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку!“, напиша во описот на видеото министерот.

