ВИДЕО: Откриена голема тајна - Путин учел да се движи од шпиуни, а поради ова десната рака ја држи до телото

Додека се движи, Путин секогаш ја држи десната рака до телото, односно прави минамални движења со неа, а за тоа постои добра причина.

Претседателот и премиерот на Русија, Владимир Путин и Дмитриј Медведев секојдневно се под лупа на светските медиуми. Низните изјави, посетите во странските земји, реакциите на најразлични случувања во светот, аналитичарите редовно ги анализираат и проучуваат.

Така, во британските медиуми излезе текст во кој се анализира дури и начинот на движењето на двајцата лидери. Британски Телеграф пишува дека специфичното движење Путин всушност го научил за време на кариерата во КГБ.

Станува збор за тоа дека при движење секогаш ја држи десната рака до телото. Се работи за тоа дека десната рака секогаш е до телото за при било каков инцидент да може веднаш да посегне по оружјето.

Покрај Путин, таков начлин на движење има и премиерот Медведев иако не поминал обука или воени вежби. Покрај него така се движат и уште неколку државници, а како што пишува британскиот весник „револверското движење“ го користат за заштита на претседателот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2019 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега