ВИДЕО: Отишла да работи како куќна помошничка, а доживеала мачење - „Може нема да преживеам, ве молам спасете ме“

Жена која била вработена како домашна помошничка, на социјалните мрежи објавила снимка која тајно ја снимала, а во која со солзи зборува за наводното малтретирање кај своите саудиски работодавачи.

25-годишната Мејди Хасан на снимката рекла дека очајнички сака да се врати дома, дека била нападната, како и изгладнувана и затворена на 15 дена.

После таа објава Бангладеш апелирал нивната државјанка да се врати од Саудиска Арабија. Снимката ја објавила на Фејсбук, каде е споделена неколку илјади пати, а своите шефови ги обвинила за немилосрдни сексуални напади. Дури и покажала модринки и лузни на рацете.

„Можеби нема да преживеам. Ве молам, спасете ме. Ме заклучија на 15 дена и едвај ми даваат храна. Ме водеа од една во друга куќа. Прво ме мачеа и непрестано ме тепаа, а потоа ме однесоа во друга куќа, каде го правеа истото. Не верувам дека ќе преживеам. Мислам дека овде ќе умрам. Ме тепаа и мачеа. Ве молам, спасете ме, одведете ме од овде“, велела таа во солзи.

Нејзината објава предизвикала протести во главниот град на Бангладеш, против лошите услови за работниците.

Владата во Даки минатата недела ја повикала државната агенција за извоз на работна сила да ја врати оваа жена дома што е можно побрзо.

Нејзиното семејство во Бангладеш се обидувало да стапи во контакт со неа, но како што навеле, тоа се уште не им успева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега