ВИДЕО: Отец Рафаило повторно во центар на внимание со нова изјава: „Подобро се се биде наркоман, отколку бизнисмен“

Црногорскиот православен свештеник Рафаило кој пред неколку години привлече внимание со изјавата дека „хероинот е лош и никаков“ се врати во свој стил.

Сега во својата проповед се осврна на бизнисмените.

„Подобро е да се биде наркоман, отколку бизнисмен, браќа и сестри“, кажа отецот зад олтарот.

Иако не е познат контекстот, многумина велат дека Отец Рафаило најверојатно бил огорчен од однесувањето на одредени богаташи и бизнисмени, па ги споменал во некоја поука.

Да потсетиме, отецот стана хит на интернет, зборувајќи за разните појави во друштво, кога рекол дека „небото е затворено над нас, водата скапа, прескапа. Хероинот е лош и никаков“. Секако, тоа беше само дел од неговата беседа, но многумина се врзаа само за тој дел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега