ВИДЕО: Османи „строи“ директори затоа што не поставиле двојазични табли на државните институции

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во саботата на својот профил на Фејсбук објави видео на кое е снимен како ги проверува двојазичните табли на институциите во Скопје.

При проверката Османи забележа дека на Агенцијата за администрација таблата е само на македонски јазик, па веднаш му се јави на директорот.

– Бујар Османи е на телефон, како сте директоре? Сакав да те прашам, тука сум пред институцијата, гледам дека таблата е еднојазична. Каков е планот за менување? Вчера требало да ја добиете, имало грешка во буквите. Подобро е што сте ја вратиле, за да нема грешка, тоа е полошо. Комунициравте со Агенцијата за јазици? За да ви помогне во дефинирање. Добро. Готово, му вели тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега