ВИДЕО: Оскаровскиот актер за малку ќе загинел, фановите преплашени

Актерот и пејач Џаред Лето објави видео од авантура која за малку ќе го чинела животот.

Лето, пејач на групата „30 Seconds to Mars“ и Оскаровец за малку ќе загинел искачувајќи се на планина.

-Не би сакал да звучам премногу драматично, но ова е денот кога за малку ќе умрев. Сериозно паднав искачувајќи се со пријател по Црвените стени. Погледнав кон небото и за неколку секунди јаже ми го сечеше безбедносното јаже додека висев во воздух на висина од 182 метри. Се сеќавам дека погледнав надолу, беше чуден момент, малку страв, повеќе „меланхолија“. Адреналинот стигна подоцна кога се вратив за ѕидот. Преживеавме и доживеавме да го видиме новиот ден. Сепак, беше забавно, продолживме да се качуваме цела ноќ, напиша тој под објавата на Инстаграм.

07.03.2020 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега