ВИДЕО: Омилените вицеви на Путин - како рускиот претседател ги засмејува соговорниците

Поведрата страна на Владимир Путин, од време на време излегува на виделина.

Поранешниот ифицир на КГБ ја покажал својата хумористина страна на јавните настапи, а во неговите шеги се појавиле и оние на кои им пречел хуморот. Секако, претседателот на Русија неретко се шегува и на сопствена сметка.

Ова е еден од неговите попознати шеги:

„Доаѓа шпиун во КГБ и вели:

-Јас сум шпиун, сакам да се предадам.

-Чиј шпиун?

-Американски.

-Тогаш оди во собата број пет.

Кога стигнал во таа соба решил да се обиде повторно:

-Јас сум шпиун и сакам да се предадам.

-Дали имате оружје?

-Имам.

-Тогаш одете во соба седум.

Конечно стигнал и во таа просторија.

-Јас сум шпиун, имам оружје и комуникациски уред и сакам да се предадам.

-Дали имате некоја мисија, некоја задача?

-Да, имам.

-Па тогаш продолжете со тоа. Немојте да ги прекинувате луѓето додека работат.“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега