ВИДЕО: Oдземен минибус во кој е откриен бункер за криење стока

 

Специјални бункери во вентилациониот систем на минибус со албански регистарски таблички направени со цел криење стока се откриени по контрола на возилото во кое се вршело вонреден превоз на патници на релација Тирана – Брисел. Притоа специјално направените бункери наменети за криење стока, во обид да се прикријат истите, биле покриени со тапацир, извести Царинската управа.

„Случајот е откриен на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински инспектори од мобилниот тим од Секторот за контрола и истраги, кои ја извршија контролата на минибусот.

По поднесена пријава до надлежниот суд, истиот донесе одлука за одземање на возилото, а изречена е и глоба за возачот на возилото заради прекршување на член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон“, соопшти Царинската управа.

Ова е втор случај во една недела на заплена на возило специјално конструирано, адаптирано и прилагодено со цел криење стока, додаваат од Царинската управа.

 

14.09.2023 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега