ВИДЕО: Од дрво во Подгорица почнала да тече вода - луѓето велат дека е дар од Бога

Во Диноша, на околу 5 километри од Подгорица, после обилните врнежи изминативе денови повторно протекла вода од необично дрво во селото.

Станува збор за дрво кое мештаните го нарекуваат дар од Бога и подарок од мајка природа.

Имено, коренскиот состав на ова дрво се наоѓа на сезонскиот фрон на водоизворите.

Во неговиот корен има извор кој се пробил и стеблото всушност служи како „цевка“ за прелевање вода.

Водата тече само при големи количини врнежи, во пролетните и есенските месеци, а на лето доаѓа до намалување на водата или нејзино целосно исчезнување.

Поради староста на дрвото, шуплините во нејзините корени и самоо стебло доаѓа до овој феномен.

Експертите објаснуваат дека овој природен феномен трае над 150 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега