ВИДЕО: Од 15 години убива за нарко-картел и ужива во тоа - „Заклав трудница, сакам да убивам, го сакам тоа лудило“

Една од убијците во колумбиските нарко-картели која себе се нарекува „Ѓаволка“ ладнокрвно рекла пред камерите на британската телевизија Канал 5 дека ужива да убива луѓе и дека тоа ќе го прави до крајот на животот.

Колумбијката чие вистинско име не е откриено учествувала во контроверзната емисија „Земање дрога од забава“ во која четири лица од Велика Британија кои повремено земаат кокаин заминуваат во Колумбија да разговараат со луѓето кои се дел од нарко ланецот и гледаат какви се последиците од производството на дрога кои тие го сметаат за забавно.

„Ѓаволката“ во разговор со 25-годишната Британка Шанел, една од четирите учесници во емисијата, открила дека дел од картелот станала на 15 години. Рекла дека во криминалниот свет е вовлечена поради морниќавото „да буиеш или да те убијат“ реалноста која е колумбиско секојдневие, но и дека тоа ѝ се допаднало.

„Ми се допадна што сум платена да убивам. Го сакам тоа лудило. Не го сакав кога бев мала, но уште на 15. години почнав да уживам во тоа“, рекла таа.

На прашањето од згрозената Шанел кога последен пат убила некој, детално објаснила кога се случило тоа. Нејзината последна жртва ила момче кое одбило да убие некој.

„Пред осум дена убив момче затоа што не сакаше да убие некој дру. Го исековме на парчиња, го ставивме во ќесе и го фрливме во река и довидување. Никој повеќе нема да го види“, рекла таа.

Зборувала и за животот во Медељина, комлумбиски град кој е во средиштето на насилните војни меѓу картелите кои се обидуваат да ја контролираат трговијата со дрога.

Мирно објаснила дека морала да убие еден од своите роднини за да го спаси својот живот и рекла „ме заболе“ што заклала трудница и десетина мажи.

„Ќе продолжам додека не бидам убиена. Нема враќање назад“, рекла таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2019 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега