ВИДЕО: Објавен првиот трејлер за ТВ-серијата на принцот Хари и Опра

По втор пат оваа година, војводата од Сасекс ќе се појави на екранот со Опра Винфри во долго планираната ТВ-серија за ментално здравје со наслов The Me You Can Not See.

Сега, објавен е првиот трејлер за претстојната документарна серија со многу селебрити-личности како гости: Лејди Гага, Глен Клоус, НБА-играчите Демар Дерозан и Ленгстон Галовеј, славната ТВ-водителка Опра, принцот Хари и неговата сопруга, војвотката од Сасекс.

Објавен на Јутјуб на 17 мај, во описот на трејлерот се наведува: „The Me You Can Not See е нова доку-серија која зедно ја создадоа Опра Винфри и принцот Хари. Серијата го истражува менталното здравје и емоционалната благосостојба со приказни од луѓе од целиот свет. Со раскажувањето животни стории во својата срж, оваа правовремена серија им дава глас на стории чија цел е да бараат вистина, разбирање и сочувство. Станува збор за луѓе, наши искуства и зошто се чувствуваме како што се чувствуваме.“

Серијата, првпат најавена во април 2019 година, ќе биде премиерно прикажана на Епл ТВ-плус на 21 мај. Не ограничувајќи се на своите гости, Хари и Опра ќе се отворат и за своите сопствени искуства. Војводата, кој на 12-годишна возраст ја изгуби мајка си, Дијана, принцезата од Велс, претходно опиша како минал речиси две децении „не размислувајќи“ за нејзината смрт, пред на крајот да добие помош по период на „тотален хаос“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2021 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа