ВИДЕО: Новиот градоначалник ги пушти багерите - нема да толерирам никакви дивиградби

Новиот градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ги пушти багерите. Вели дека објектот кој денеска почна да се руши во скопско Драчево немал соодветна докукментација а тој како што рече, дал ветување дека ќе има нула толеранција за дивоградби. 

„Законот мора да важи за сите подеднакво, не смее веќе да има повластени лица и дискриминари граѓани во општина Кисела Вода.

Денес, започнавме со рушење на диво изграден објект во Драчево, чија градба започнала без соодветната документација но со амин од претходната општинска администрација.
За ова, јас ќе имам нулта толеранција. Законот е највисоката инстанца, која никој не смее да ја прескокне ако сакаме правна држава и општина во која секој граѓанин ќе биде еднаков.
Кисела Вода мора да биде општина од 21.век, општина за сите луѓе - подеднакво! “ - напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи

 

07.12.2021 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега