ВИДЕО: Нови детали за убиството во Рашче

67 годишен маж од скопско Рашче е убиен попладнево на една од улиците во селото. Неофицијално, додека тој се движел со својот автомобил кон него е пукано од џип со бугарски регистарси таблички, кој веднаш по инцидентот го напуштил селото, јавува Сител.

Според информациите од жителите на селото, кои не сакаа да зборуваат пред камерата на Сител, причина за убиството најверојатно е крвна одмазда, бидејќи близок роднина од убиениот минатата година учествувал во друго убиство.

Полицијата и ЈО извршија увид на местото на настанот, но засега сеуште нема официјални информации за начинот на извршување на убиството и мотивите за истото.

Ова е трето убиство со огнено оружје изминативе четири дена. Во неделата навечер жител на Опае и неговиот девет годишен син беа застрелани во селото Слупчане, исто така додека се возеле во автомобил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2019 - 19:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега