ВИДЕО: Нови детали за убиството на Флојд - објавена снимка од повик направен за време на апсењето

Откриени се нови детали за убиството на Џорџ Глојд. Имено, објавена е нсимка од итната служба 911 на која диспечер бара помош од својот нареден и изразува згриженост поради „малку поинакво“ постапување на полицијата.

Градот Минеаполис објави снимка од краткиот повик во кој диспечерот, чиј идентитет не е познат, зборува со својот надреден, чиј идентитет исто така не е познат, дека не е сигурен дали треба полицијата да користи сила при апсењето на Џорџ Флојд.

Да потсетиме, 911 службата била контактирана од работници во продавницата во која Флојд платил со лажна пара од 20 долари.

„Не знам, можеш да ме наречеш како сакаш, но имаме камери кои ја снимиле оваа интервенција. Н ензам дали требале да користат сила или не, но нешто извлекле од автомобилот и сите седеле на тоа (на Џорџ Флојд). Не знам дали требало да го направа тоа или не, но мене уште ништо не ми одговориле“, вели женски глас од диспечерската итна служба 911.

Нејзиниот надреден потоа одговара.

„Да, ништо не рекоа...само го совладаа, што не се смета, но ќе проверам“. Женскиот глас повторно не се јавува.

„Нема проблем, не гледаме инаку, но кога видовме - изгледаше малку поинаку, но...“, говори женскиот глас кој потоа се прекинува.

„Звучи добро, поздрав“, наредниот одговара и рааговорт се прекинува. Траел помалку од минута.

Полицијата на Минеаполис одбива да го коментира овој разговор.

Да потсетиме, Флојд на 25. мај бил уиен во обид да биде приведен откако четворица полицајци користеле прекумерна сила. За неговото убиство обвинет е Дерек Човин кој со колено му го притиснал вратот повеќе од 8 минути иако Флојд бил врзан со лисици и совладан на тло, па непрестано барал помош.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега