ВИДЕО: Нова снимка од соборувањето на украинскиот авион во Иран - за 30 секунди го погодиле 2 ракети

Американскиот весник Њујорк Тајмс објави снимка на која се гледа како иранската противвоздушна сила пушта две ракети кон украинскиот авион „боинг 737“.

Тој авион неодамна беше соборен недолго после полетувањето од аеродромот во Техеран, а сите вработени и патници загинале.

Судејќи според снимката, на украинскиот авион прво била пуштена една ракета, а после 30 секунди уште една.

Откако и другата ракета ја погодила метата, авионот бил во воздух уште околу 60 секунди, после што се запалил и почнал да паѓа, пренесува Спутњик.

Весникот навел и дека видео од неименуван корисник на социјалните мрежи од Иран било објавено на Јутјуб на 14. јануари. Снимката била направена со камера која била монтирана на кровот од зграда недалеку од селото Бидкан, во предградието на Техеран.

Потоа Ројтерс, повикувајчи се на иранските медиуми, соопштил дека припадниците на Корпус, чувари на исламската револуција, го уапсиле авторот на видеото, а властите ветиле дека ќе спроведат полна истрага.

Да потсетиме, авион на „Меѓународната авиолинија на Украина“, кој од Техеран летал за Киев, се срушил набрзо после полетувањето од аеродромот во Техеран на 8. јануари утрината. Загинале сите патници и членови на екипажот, вкупно 176 луѓе, 167 патници од Иран, Украина, Канада, Германија, Шведска и Авганистан и 9 членови на екипажот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2020 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега