ВИДЕО: Нова пресметка меѓу кланови во Херцег Нови - убиен уште еден член од семејството Рогановиќ

Шчепан Рогановиќ беше убиен во четвртокот во околу 9 часот во Херцег Нови, информира Курир.рс

Според неофицијални информации, станува збор за продолжени не пресметка меѓу шкаљарскиот и кавачкиот клан.

Рогановиќ, се верува, бил член на кавачкиот клан. Убиен бил на скали кои од Канли кулата водат кон градот. Наводно, убиецот во него испукал околу 5 куршуми. Полицијата го блокирала Херцег Нови и трага по убиецот.

Според известувањето на Радио Јадран, на местото на злосторството има голем број полицајци.

Шчепан Рогановиќ е најстариот син на Ника Рогановиќ, кој беше убиен кон крајот на јули 2017 година.

Неговиот брат Душко Рогановиќ во експлозија остана без нога, а неговиот братучед Владимир Рогановиќ беше убиен во Виена.

Увидот на убиството е во тек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега