ВИДЕО: Нов силен земјотрес кај Петриња - се се тресело десетина секунди, луѓето излегле на улица

Нов силен земјотрес се почувствувал во околу 18 часот на подрачјето на Хрватска. Траел десетина секунди.

ЕМСЦУ првично јави дека бил со магнитуда од 5,3 степени според Рихтерова скала, но дополнително објави дека магнитудата сепак била 5,0. Епицентарот според првичните податоци бил на околу 45 километри југоисточно од Загреб, на подрачјето на Петриња.

Мештаните јавуваат дека се почувсатвувал премногу и долго траел и во Загреб, Вараждин...

Репортерите нод локалните медиуми велат дека тлото се тресело полни десет секунди.

Јутарњи лист објави дека многу мештани на Глина излегле од своите дворови и излегле од автомобилите, но засега се чини дека најновото тресење не предизвикало некои дополнителни рушења.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.01.2021 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега