ВИДЕО: Нов напад на Израел врз Сирија - ПВО собори 30 ракети, убиени 4 војници

Сириската противвоздушна одбрана успешно одби напад на израелски борбени авиони Ф-16 врз меѓународен аеродром во југоисточниот дел на престолнината Дамаск, јави руската војска.

Соборени се седум ракети, соопшти портпаролот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, пренесува агенцијата ТАСС.

„Силите на воздушната одбрана на сириската војска одбија воздушен напад на израелските воздухопловни сили на меѓународниот аеродром на југоистокот на Дамаск“, изјави портпаролот на комнадниот и контролен центар на министерството за одбрана на Русија.

Тој истакна дека израелските ракети биле погодени со системи за противвоздушна одбрана „панцир“ и „БУК“.

За време на синоќешниот напад загинале 4 сириски војници, додека 6 се повредени. Во нападот делумично е оштетен и аеродромот во Дамаск.

Се наведува дека четири израелски борбени авиони Ф-16 долетале од Средоземното Море и дека користеле наведувани проектили.

ТАСС наведува дека претходно сириската агенција САНА објавила дека на југот на Сирија бил одбиен израелски воздушен напад.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2019 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега