ВИДЕО: Нокаутирал деца во продавница, па бил осуден на 9. години затвор - криците се слушале низ целиот објект

Конечно стигна пресудата за еден од најбизарните напади кои ги видела полицијата во калифорнискиот град Лори. Како што може да се види на запрепастувачката снимка, маж во продавница, без никаква причина удира две деца со бокс во глава.

Инцидентот се случил уште во август, а децата кои биле нападнати имале само 5 и 11 години. 52-годишниот Џеф Хардкесл е осуден на девет години затвор.

Родителите збеснале кога снимката им била пуштена.

„Се изгубив. Физички, ментално, емоцинално и духовно“, рекол таткото Мелвин Гудрум Јуниор.

Жената која била сведок на нападот рекла дека оваа глетка изгледала ужасно, особено поради криците на децата.

„Врескаа. Криците се слушаа низ целата продавница“, рекла Амбер Бурчфилд која и самата била запрепастена.

Полицијата соопштила дека се чинело дека Хардкесл бил дрогиран и дека чудно се однесувал во продавницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега