(ВИДЕО) Николовска: Неприфатливо е во Министерството во правда документите да се чуваат само една година

Во вечерашното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител, судијката Маргарита Цаца Николовска го коментираше случајот во Министерството за правда кое не ги чува документите за положен правосуден испит на кандидатите повеќе од една година.

Оваа информација се обелодени во јавноста по отворањето на постапката на Антикорупциска, во врска со синот на Талат Џафери, во која пак, се проверува дали синот на претседателот на Собранието имал соодветно образование кога полагал правосуден испит.

„Јас не можам да прифатам дека во eдно Министерство за правда документите се чуваат само една година. Тоа е нешто неприфатливо. А од друга страна, на сите нас ни е познато дека било какви документи, било што и да поднесеме, било каде имаме повратна листа на која се удира печат и на којашто стои кога сте го предале итн. Ако ништо друго, како ќе докажувате Вие, утре, не во оваа, туку во друга ситуација нешто во рок сте поднеле“, изјави судијката Николовска.

Уште полошо е што 400 лица биле во таква ситуација, додава судијката Николовска.

Таа вели дека целата оваа ситуација е само уште еден чекор кон зголемување на недовербата, на граѓаните кон инволвираните институции.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Press24 (@press24.mk)

29.11.2022 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега