ВИДЕО: Незапаметена бура во Грција - со багери го отстранувале градот од патиштата како да е снег

Пожарната бригада добила околу 60 повици да испумпа вода од бројни станбени и деловни објекти, а пет лица биле спасени од автмобилите кои ги зафатила бурата.

Силната бура завчера вечерта ја погодила околината на грчкиот град Драма, а врнежите поплавиле бројни продавници и станови, дури и оштетиле неколку патишта во тој дел од земјата. 

Како што јавуваат грчките медиуми, Пожарната бригада добила околу 60 повици да ја испумпа водата од бројните станбени и деловни објекти, а пет лица биле спасени од автомобилите зафатени од бурата.

Покрај големата количина на дожд, подрачјето се нашло и под удар на силен град. За каква количина станува збор кажува податокот дека морало да се користат багери за да се ослободат патиштата, бидејќи паднало меѓу 30 и 40 центиметри мраз.

Градоначалникот на Драма Христодулус Мамсакос, за една радио станица рекол дека небото се отворило.

„Се прашувавме дали е реално тоа што го гледаме. Толку град не сме виделе никогаш, не можевме да веруваме. За само еден час сите патишта биле поплавени, а во исто време кога падна дождот дојде и градот, кој уништи се", рекол Мамсакос.

Метеоролозите предупредиле дека во текот на денот може да се слушнат грмотевици, а ќе има и нови врнежи во централните и северните делови на Грција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега