ВИДЕО: Невремето предизвика локални излевања во Охрид - улица се претвори во река

Охридњуз“ објави видео-снимка од улицата „Петрино“ во Охрид на која се гледа дека шаххтите не можат да ги примат големите количини атмосферска вода која се меша со фекалната и се излева низ улицата од каде се шири непријатна миризба, велат локалните жители.

Тие и овој пат се пожалиле до ЈП „Нискоградба“ за проблемот кој редовно се повторува при поголеми врнежи, од каде, како што велат, секогаш добиваат ист одговор – секаде е така.

Пристап со аптека, продавница малку потешко, нема место каде што можеш да поминеш, а да не се намокриш. – се жалат мештаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега