ВИДЕО: Невремето направи неред во Далмација - поплавени подрумите во Диоклецијановата палата во Сплит

Подрумите во Диоклецијановата палата во Сплит се поплавени поради бурата која минатата ноќ ја погоди Далмација и други делови од хрватскиот дел на Јадранот.

Освен обилни врнежи, подигнато е нивото на морето, па и покрај поставените пумпи, водата продрела и во Диоклецијановата палата.

Во исфрлањето на водата од подрумот од утринава помагаат и пожарникари, а силните врнежи не престануваат,јавува локалниот портал Далмација денес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега