ВИДЕО: Невремето го закочи сообраќајот - колони возила на автопатот Скопје-Тетово

Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силен ветер, започна попладнево и предизвика неред во сообраќајот. Забавен е сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје, а возилата се движат со 40 километри на час. Колони возила кои потешко се движат забележани се на видеото објавено на А1он.

До средината на наредната седмица нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат во интервал од 13 до 21 степени, а максималните ќе достигнат до 33 степени. Eве каде врне во моментов:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега