ВИДЕО: Невреме во регионот - град со големина на орев уништил насади и автомобили

Големо невреме ги погодило Плитвичките езера и околината. Мраз со големина на орев ги уништил зеленилото, овошјата и автомобилите, а луѓето во паника ги поместувале автомобилите штитејќи ги да не бидат уништени.

Бурата пристигнала и во Бугојно. Судејќи според снимките на социјалните мрежи, силен дожд и град проследен со силен ветер го погодиле овој град. Најмногу настрадале насадите.

Град со големина на орев направил хаос во Хрватска.

„Ме погоди во рака кога трчав да го поместам автомобилот, и понатаму ме боли“, рекол еден жител.

Невремето ги погодило Смолјанац и Раковац.

„Прво почнаа дождот и грмежите, а набрзо потоа мраз  со големина на орев, градините и овошјата во целост се уништени“, додал друг жител.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега