ВИДЕО: Невреме ја опустоши Грција - ветер направи хаос во летувалиштата, скршени дрва и уништени возила насекаде

Силно невреме го погоди Неос Мармарас и го опушстоши. На удар на бурата беа и Тасос, Крф, Атина...

Штетата која ја претрпеле мештаните на летувалиштата на Халикидики е огромна. Бурата однела кровови и уништила автомобили.

Силниот ветер кој дувал со брзина од околу 75 километри на час, соборил кровови, саксии и други предмети, кои ги затрупале улиците.

Бурата погодила и други летувалишта, како што се Крф и Тасос, каде биле забележани силни удари на ветер и поплави.

Невремето ја погодило и Атина, каде бројни улици биле поплавени, а ветерот уништувал дрва и кровови.

Во главниот град на Грција исто така била забележана голема штета и скоро 150 повици на пожарникарите од страна на граѓаните кои биле загрозени.

Граѓаните на Атина најмногу ги викале пожарникарите да им помогнат во испумпување на водата од поплавените домови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега