ВИДЕО: Несреќа во Србија - автомобил влетал во двор каде си играло дете во базен

Автомобил од марката „пасат“ со регистерски таблички од Чачак кој се движел од правецот Горњи Милановац кон Белград, денеска во околу 10 часот од засега непознати причини удрил во два паркирани автомобили кај бензинската пумпа на Рудник.

„Возилото се движеше со голема брзина, прво удри во сообраќаен знак покрај патот, па во два паркирани возила. Од силниот удар мојот автомобил го прелета патот и заврши во двор. Детето тогаш ми беше во базен, можеше да настрада поради нечија невнимателност“, рекол Будмир Васиќ од агенцијата РИНА.

Тој наведува дека мештаните повеќе пати барале да се преземе нешто во врска со тоа прашање, бидејќи се плашат за својата безбедност и за безбедноста на своите најмили.

„Ние со петиција баравме да се постават лежечки полицајци, бидејќи на овој дел од патот никој не го почитува ограничувањето на брзината, особено навечер кога возат ненормално брзо. Ако ништо не се направи, некој ќе настеада“, рекол Васиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2019 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега