ВИДЕО: Нешто страшно се случува со инсектите - научниците забележаа загрижувачка појава

Бројот на инсекти во светот драстично се намалува, поради употребата на инсектициди, но и други фактори, и тоа би можело да има катастрофални последици по Земјата.

Повеќе од 40% од инсектите се истребени во последните неколку децении, според последниот избештај извршен во научниот весник Biological Conservation.

Бројот на инсекти секоја година се намалува за 2,5 отсто, што значи дека за еден век би можело да исчезнат. Дури третина од видовите инсекти се загорезени, а тоа значи дека може да се срушат екосистемите и тоа да има лошо влијание врз планетата.

Извештајот заедно го направиле научници од Кина, Сиднеј и Квинсленд. Еден од авторите, Франциско Санчез-Бајо, тврди дека изумирањето на инсектите ќе загрози многу поврзани екосистеми и ланци на исхрана. Инсектите се основа за многу екосистеми веќе 400 милиони години.

Главната причина за нивното исчезнување се урбанизацијата и агресивното земјоделство, во кои се користат пестициди и ѓубрива, кои ја менуваат животната средина на инсектите, но и климатксите промени.

Меѓутоа, постојат и неколку видови инсекти кои се адаптирале на новите услови, но нивниот број не е доволен да се надоместат сите кои умираат.

Заклучокот е јасен, ако не го промениме начинот на кој ја произведуваме храната, сите инсекти ќе се уништат за неколку децении, предупредуваат научниците. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега