ВИДЕО: Несекојдневна сцена во Сент Луис - маж и жена им се заканувале на демонстрантите кои дошле пред нивната куќа

Во Сент Луис во САД биле снимени маж и жена како со огнено оружје го бранат својот имот од група активисти на "Black Lives Matter", кои дошле пред нивната куќа.

Неколку видео снимки од расправијата станале вирални на социјалните мрежи, а парот од некои луѓе бил и пофален поради чувањето на својот имот. Други ги критикувале поради лошото ракување со оружјето, а трети ги осудиле поради заканите кон мирните демонстранти. 

Иако постојат тврдења дека активистите влегле на нивниот имот, не постои видео снимка дека тие навистина го направиле тоа. Се гледа дека неколку активисти стојат на крајот од тревникот и го снимаат вооружениот пар.

Тие им викале на демонстрантите, наредувајќи им да го напуштат приватниот имот, а од време на време го вперувале оружјето кон активистите.

„Saint Louis Post Dispatch" напишал дека групата демонстранти провалиле низ капијата на оваа населба и дошла пред куќата на градоначалничката, незадоволни од тоа што таа јавно ги причитала имињата и адресите на жителите кои предложиле одбрана од полициската управа.

Тие извикувале таа да си даде оставка и да ги поведе и полицајците со себе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега