ВИДЕО: Непрепознатлив - сопругата на Борат објави негова снимка додека вежба

Комичарот Саша Барон Коен е најпознат по улогата на Борат, а една од најзапаметените сцени секако е онаа во која тој шета во монокини.

Токму поради тоа и многумина се изненадија кога неговата сопруга Исла Фишер објави снимка на која Коен е гол и крева тегови.

Имено, Саша е номиниран за Златен глубус за улогата во серијата на Нетфликс, „The Spy", а неговата сопруга јавно му честитала и опишала колку труд влоѓил за таа улога.

„Многу сум горда поради номинацијата. Толку се трудеше за трансформацијата за таа улога, не само што мораше да се затегне, туку мораше да научи и три дијалекти, вклучувајчи го и сирискиот, па живееше во Касабланка, главно беше соживеан со ликот, четири месеци додека траеше снимањето“, напишала во опис на фотографијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега