ВИДЕО: Необична несреќа - авион удрил во јато птици, носот целосно му се уништил, пилотите одлучиле принудно да слетаат

Авион од компанијата „Делта“, која летал од Флорида, морал принудно да слета на аеродромот во Њујорк, после судир со птици.

Како што може да се види на фотографиите, носот на авионот бил целосно смачкан.

Ербас А319 превезувал 43 патници кон аеродромот „Ла Гварија“ кога се случила необиќната несреќа.

Како што е наведено, влетал кон јато птици поради што пилотите морале веднаш да реагираат и принудно да слетаат на најблискиот аеродром.

Најпрво сите помислил дека леталото било погодено од град или друга временска непогода, но утврдиле дека станува збор за птици.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега