ВИДЕО: Необичен феномен снимен во Хрватска после земјотресот - земјата испукала, тлото станало течно

Необичен феномен во кој земјата се расцепила, а тлото станало течно е снимен за време на земјотресот во Хрватска.

Разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала го погоди вчера хрватскиот град Петриња, а се почувствува и во земјите во регионоит.

Покрај Петриња, од потресите кои не запираат настрада и соседниот град Сисак.

Снимката која вчера настана во тој град покажува необичен феномен, кој се случува само при силни земјотреси, пренесува Новости.

На снимката се гледаат исплашени мештани на отворен простор, додека под нивните нозе се отвораат пукнатини и земјата станува течна.

Иако на неупатените може да им изгледа како да се излеала канализацијата, всушност се случува промена на маеханичката особина на тлото, при што ја губи цврстината и станува течно.

Погледнете:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега