ВИДЕО: Наврна снег во БиХ - граѓаните ги чистата автомобилите и дворовите

На третииот декемвриски ден побелеа повеќе градови и села во Босна и Херцеговина, а првиот снег оваа година наврна и во Сараево.

Снегот синоќа почна да паѓа во северниот дел во БиХ, а потоа се „спушти“ кон централните и источните краишта.

Многу жители на Сараево, посебно оние во високите делови од градот, утринава чистеа снег од своите возила и дворови, пишува сараевскиот портал Кликс.

Екипите на КЈКП Рад најавиле, вообичаено, полна подготвеност за чистење на снегот од градските улици, според приоритетите.

На возачите им се препорачува да ја намалат брзината на движење и се повикуваат на внимание.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега