ВИДЕО: Наставничка во Тексас буртално претепала ученичка, па ѝ ја газела главата - снимката го запрепасти светот

Американската јавност е шокирана поради снимката на која се гледа како наставничка физички напаѓа ученичка. Триесет и двегодишната Тифани Шадел Ленкфорд е обвинета за нанесување на тешки телесни повреди.

Инцидентот се случил минатата недела во Средното училиште во „Лиман“ (Тексас), околу 30 километри јужно од Остин. На снимката се гледа дека во училница владее хаотична атмосфера, средношколци прават бука и ја игнорираат наставничката на замена.

Ситуацијата се заострила кога Ленкфорд почнала да ги пцуе децата, вели Пол Патрис, адвокат на семејството на 15-годишната жртва. Неговата клиентка тогаш наводно ѝ рекла дека така не може да разговара со нив.

Изнервираната наставничка ја нападнала ученичката и почнала да ѝ удира боксови, за да крајот даја турне на под и да ѝ ја гази главата со сета сила.

Тинејџерката се здобила со неколку повреди, па таткото после инцидентот ја однел во болница.

Обвинетата кон крајот на август 2018 година работела на замена во училишниот округ Хејз

Платила кауција од 10.000 долари и сега е на слобода. Ако биде осудена за нанесување на тешки телесни повреди, ѝ се заканува казна затвор од 2 до 20 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега