ВИДЕО: Направил хаос затоа што не добил плата - незадоволен работник седнал на багер, па удрил во 5 камиони на фирмата

Незадоволен работник од Турција, Хакан М. решил да не премине преку фактот дека работодавачот не му исплатил плата.

Имено, тој седнал во багер, па удрил во 5 камиони сопственост на фирмата.

Сопственикот на компанијата, како што наведуваат тамошните медиуми, е наводно негов вујко.

Видеото кое настанало во Турција пред неколку дена првобитно било објавено на Тик Ток. Според пишувањата вујкото Омер кој е сопственик на претприемништво кое се занимава со ископување и транспорт на јаглен, на работниците не им исплатил плата, после што Хакан направил инцидент.

Медиумите наведуваат дека Хакан би направил уште поголема штета да не го спречиле насобраните луѓе.

Откако видеото било објавено на Твитер, Фејсбук и Инстаграм, корисниците почнале да оставаат пораки за поддршка на Хакан.

16.09.2021 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега