ВИДЕО: Нападнати полициски службеници на „Партинзанска“

 

Видео на кое се гледа напад врз полициски службеници се шири на социјалните мрежи. Настанот се случил завчера во неделата околу 02:40 часот на булеварот „Партизански одреди“.

Најпрво се слушаат вербални, а потоа се гледаат и физички напади врз двајцата полициски службеници.

Пред да дојде до физички удари може да се слушне како едно од лицата кои се приведуваат вика: „Ајде бе удри ме, ајде“, а потоа лицето коа снима дофрла „Остај нека те удри. Ако бе, ќе оди во дисциплинска“.

По некое време едно од лицата го фаќа полицаецот за врат при што се вклучуваат сите присутни.

Потврда за настанот пристигна и од Министерството за внатрешни работи од каде што велат дека настанот бил објавен и во извадокот од дневниот билтен.

-двајца полициски службеници вршејќи мотопатролна дејност на оваа улица забележале лице кое не носело заштитна маска, а било и под дејство на алкохол и од него побарале лична карта со цел негово легитимирање. Лицето рекло дека не носи лична карта и почнало агресивно да се однесува кон полициските службеници, по што дошле и други лица, а едно од нив физички нападнало полициски службеник. Лицата веднаш се лишени од слобода и спроведени во ПС Центар, каде им бил утврден идентитетот. Лицето што не носело маска и агресивно се однесувало е А.Т. (20) од Скопје, а лицето што физички нападнало полициски службеник е И.М. (22) исто така од Скопје.  За целиот настан е изготвен соодветен службен материјал, велат од полицијата.

Оттаму посочуваат дека секој што ќе нападне полициску службеник кој се грижи за безбедноста на граѓаните ќе се соочи со законот.

-Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки и однесувања нема да се толерираат, потенцираат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 18:12
Фото: 
Твитер

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега