ВИДЕО: Наместо да се пакува, Меланија ја украси Белата куќа

 

Првата дама на Америка Меланија Трамп традиционално ја украси Белата куќа пред претстојните празници.

Меланија Трамп се потруди Белата куќа да блеска пред овогодинешните Божиќни празници.

Првата дама ја одбра темата „Убава Америка“ во класичен тон со цветни аранжмани, венци и богато украсени новогодишни елки низ резиденцијата.

Да потсетиме, претседателските избори се одржаа во Америка на 3 ноември, по што медиумите го прогласија кандидатот на демократите Џо Бајден за победник. Републиканскиот кандидат Доналд Трамп не ги признава резултатите и тврди дека имало масовна кражба на гласови и се обидува тоа да го докаже законски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега