ВИДЕО: Наликува на бранови во океан, но всушност е нешто полошо - снимка покажува колку е опасен ураганот Доријан

Драматична снимка од Бахамите, која на Твитер ја објавил пратеникот Ирам Луис, на прв поглед изгледа како бранови во море, но станува збор за нешто многу полошо.

Се работи за меѓународниот аеродром во Фрипорт кој во целост е поплавен, а на снимката се гледа каков бил пред и за време на ураганот.  На снимката за време на урагаот направена од прозорот на аеродромската зграда, не може ни да се забележи дека станува збор за авионска писта. Напротив, количината на водата е толкава што според брановите може да се каже дека станува збор за површина на океан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2019 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега