ВИДЕО: Најмалку 40 текстилни работници загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Најмалку 40 луѓе, текстилни работници, загинаа во судир помеѓу автобус и камион во бразилската сојузна држава Сао Паоло.

На местото  на несреќата загинале 37 луѓе, додека уште тројца починале во болница.

Се уште не е познат бројот на повредените лица во сообраќајната несреќа.

Исто така се уште не е позната причината за судирот.

„Нема јасни индикации за тоа што ја предизвикало несреќата и се испитува“, рече гувернерот на Сао Паоло, Јоао Дорија на прес-конференција. Тој се заложи дека дека сите ресурси на неговата влада ќе бидат искористени за помош на жртвите и нивните семејства.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа